Зеленски бара од Велика Британија дозвола за користење на ракети со долг дострел

од Milan1
404 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја обвини Велика Британија за „забавување на поддршката“ за Украина,  и уште еднаш побара отстранување на бариерите во борбата на неговата земја против Русија.

Зеленски ја засили својата кампања за укинување на ограничувањата за употреба на моќните британски ракети, кои имаат дострел од околу 250 километри. Украинскиот претседател  го надгледуваше неодамнешниот упад на Украина во руската област Курск, за кој рече дека има за цел да создаде тампон зона за да спречи понатамошни прекугранични напади од Москва.

Велика Британија даде зелено светло за употреба на оружје донирано за Украина на руска територија но само како дел од самоодбрана. Киев тврди дека британското укинување на ограничувањата за употреба на оружје со долг дострел може да го промени текот на војната.

– Правиме се што е можно за да им обезбедиме на нашите војници потребното оружје и засилување. Од клучно значење е нашите партнери да ги отстранат бариерите што не спречуваат да ги ослабиме руските позиции на начинот на кој оваа војна бара. Способностите со долг дострел се одговорот на најкритичните стратешки прашања на оваа војна. Храброста на нашите војници и издржливоста на нашите борбени бригади го надополнуваат недостатокот на суштински одлуки од страна на нашите партнери. Би можеле одлучно да им ја одземеме на окупаторите секаква можност да напредуваат и да ги уништиме доколку би можеле да употребуваме оружје со долг дострел, напиша Зеленски на својот налог на социјалната мрежа „Х“.

Слични содржини