109
Силно невреме проследено со силен дожд, град и ветер попладнево го зафати Кавадарци, пришто настанати се штети. Градоначалникот Митко Јанчев до граѓаните апелира да останат во своите домови затоа што некои улици се блокирани од паднати дрва, на некои места е излеана реката Луда Мара и има наноси од силното невреме.
На терен се службите на Јавното претпријатие Комуналец како и противпожарната служба во градот.
Исто така се апелира до граѓаните доколку имаат било каков проблем од настанатото невреме да пријават на телефонските броеви на ЈП Комуналец, ТППЕ Кавадарци и на 13 300.