Во новиот Управен одбор, покрај Узунчев, се именувани и Реџеп Асани како заменик-генерален директор, Ѓорѓи Ѓорѓиевски како директор за правни и општи работи, Зоран Коњановски како директор на производство, Виктор Јовановски како директор за комерцијални работи, Иван Стојановски како директор за финансиски работи, и Владимир Пејоски како директор на развој и инвестиции.
„Со изборот на новите членови на Управниот одбор, приоритет е енергетската стабилност на државата преку ефикасно управување, финансиска консолидација и зајакнување на капацитетите на компанијата на сите нивоа,“ се наведува во соопштението од Владата.
Дополнително, меѓу целите на новото раководство е и „оптимизација на трошоците и реализација на развојни проекти со цел АД ЕСМ да стане компетитивна компанија која ќе ги задоволи потребите од електрична енергија за крајните потрошувачи,“ прилагодувајќи се на „условите на пазарот и строгите барања за чиста животна средина.“