Нетанјаху: Решени сме да ја заштитиме земјата, кој и да не повреди, ќе го повредиме и него

од Vladimir Zorba
23 прегледи

Израел утринава уништи илјадници ракети на Хезболах, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и посочи дека израелската влада е решена да направи се за да ја заштити земјата.

„Утрово ги откривме подготовките на Хезболах за напад на Израел. Во консултација со министерот за одбрана и началникот на Генералштабот на ИДФ, и наредивме на нашата војска да дејствува проактивно за да ги елиминира заканите“, рече Нетанјаху на почетокот на утринава вонредна седница на кабинетот за национална безбедност, откако Хезболах соопшти дека започнал напад „прва фаза“ врз Израел како одговор на убиството на главниот командант на групата.

Според Нетанјаху, оттогаш израелската армија интензивно работи на спречување закани и уништила илјадници ракети кои биле насочени кон северот на Израел, а исто така спречува многу други закани и дејствија со голема сила во одбраната и нападот, пишува Тајмс на Израел.

Слични содржини