192
Во гробницата Арслантепе во Турција, археолози пронајдоа два запечатени ковчези со врежани фигури на животни, стари околу 7.000 години.
Гробницата Арслантепе е вклучена во списокот на светско наследство на УНЕСКО и се наоѓа на 15 километри југозападно од реката Еуфрат.
Шефот на тимот археолози Франческа Балоси Рестели изјави дека во таа гробница се пронајдени најстарите запечатени ковчези, јавува „AА“.
Рестели рече дека дури и постари ковчези најверојатно ќе се најдат додека напредуваат археолошките ископувања на поголеми длабочини.
На гробницата беа пронајдени повеќе од 2.000 запечатени кутии, статуа на кралот Тархунза и две статуи на лавови од доцниот период на Хетитите.