47
Кинеската флота на комерцијални авиони ќе се удвои до 2043 година, што ќе ја направи оваа земја водечки светски пазар за авијација, се вели во прогнозата на компанијата „Боинг“.
Компанијата проценува дека бројот на кинеските комерцијални авиони ќе расте со стапка од 4,1 отсто годишно, со што ќе се зголеми од сегашните 4.345 на 9.740 летала, се вели во извештајот. Прогнозата предвидува дека патничкиот воздушен сообраќај ќе расте со стапка од 5,9 отсто годишно, што е повеќе од глобалниот просек од 4,7 отсто.
На Кина во наредните години ќе и бидат потребни вкупно 8.830 нови авиони од различни типови, од кои 1.575 ќе бидат широкотрупни летала.