Германија депортирала група криминалци во Авганистан, секој од нив добил по 1.000 евра

од Vladimir Zorba
60 прегледи

Германија во петокот наутро депортирала неколку лица во Авганистан, јавија германските медиуми. Депортираните се прекршувачи на законот во Германија, пишува магазинот Феникс. Ова првпат го објави информативниот магазин „Дер Шпигел“. Саксонското Министерство за внатрешни работи го потврди процесот на депортација за германските медиуми. Рано утрото чартер авион на „Катар ервејс“ полета од Лајпциг за Кабул.

Ова е прв лет за депортација откако талибанците дојдоа на власт во Авганистан пред три години. Повикувајќи се на безбедносни извори, „Шпигел“ пишува дека во Боинг 787 наводно има 28 авганистански криминалци. Тие беа донесени во Лајпциг во текот на ноќта од различни сојузни покраини: Баден-Виртемберг, Баварија, Берлин, Хесен, Мекленбург-Западна Померанија, Долна Саксонија, Северна Рајна-Вестфалија, Пфалц-Рајнска област, Саксонија, Саксонија-Анхалт и Тирингија.

Депортацијата ја организираше МВР. Според извештајот, секој депортиран добил по 1.000 евра. Во авионот треба да има и лекар, а подготовките за депортација траеле дури два месеци.

Слични содржини