Трипуновски: Поделени 493 милиони денари за зелена нафта

од Milan1
28 прегледи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски заедно со Директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев ја посетија подрачната единица при МЗШВ во Струмица, каде што ќе бидат поделени преку 4.500 картици за зелена нафта.

„Денеска сме овдека во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Струмица, од денес почна да се делат картиците за зелена нафта. Министерството одвои 493 милиони денари, со овие пари ќе бидат покриени трошоците за зелена нафта на 46.000 земјоделци“, истакна Трипуновски.

Министерот додаде дека во Струмица се поделени преку 4.500 картици за зелена нафта со вредност од над 39 милиони денари.

„Овдека сакам да потенцирам дека оваа мерка за идната година ќе претрпи одредени измени со цел да биде поефективна мерката, а земјоделците позадоволни“, посочи тој.

Министерот појасни оваа мерка треба да се ревидира бидејќи истата оваа мерка треба да има целосен ефект врз земјоделското производство, соопшти МЗШВ.

Слични содржини