Експлодирала машина од ЈП Државни патишта, од пламенот настанал пожар

од Milan1
26 прегледи

Вчера во 13:05 часот било пријавено во полиција дека на патот од с.Јаболци кон с.Брезница, скопско, настанал пожар.

– Причината за пожарот е што двајца вработени во Јавното претпријатие за државни патишта со машина обележувале ленти на патот, машината експлодирала и од пламенот настанал пожар, кој зафатил нискостеблеста шума од двете страни на патот, информираат од МВР.

Пожарот бил изгаснат од Пожарната од Скопје. Повредени лица нема и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини