30
Полицијата вчера го приведе 38-годишник (Ј.Ј.) од Пробиштип кој се сомничи дека со запалива течност предизвикал пожар на влезната врата и предмети пред влезната врата од станот сопственост на Н.В.(46).
– Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од сопственикот, објави МВР.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува пријава.