74
Маж од Грција денеска е застрелан во судир со турската полиција на грчко-турската граница. Според локалните медиуми, Гркот со голема брзина влетал на граничниот премин Ипсала.
На видеото се гледа дека тој најпрвин намерно налетал на мотоциклист кој бил паркиран покрај патот и продолжил понатаму без да внимава. Возачот потоа наводно се упатил кон турските полицајци кои пукале во него.
Прототема наведува дека бил застрелан во ногата и пренесен во болница.