Во дел од Германија веќе падна снег и ги изненади мештаните по топлите денови. Зугшпице, највисокиот германски врв на 2.962 метра надморска височина, осамна покриен со снег. Од топлите летни денови, планинскиот врв за пет дена се претвори во вистинска зимска идила, пренесе „Телеграф.рс“.
Во последните 48 часа на Цугшпице, кој се наоѓа јужно од градот Гармиш-Партенкирхен, наврнале 13 сантиметри снег, а денеска наврнале дополнителни 22 сантиметра.
Според прогнозата, утре се очекуваат уште 38, а на 14 септември снежната покривка ќе биде подебела за 29 сантиметри. Сите ски-лифтови и патеки во моментот се затворени.
„Па ова бргу ескалира. Од летни горештини до зима за пет дена. Не заборавајте дека скијачката сезона почнува на 29 ноември 2024 година“, напишаа на официјалната веб-страница на Цугшпице.
Во наредните денови драстичен пад на температурата се очекува и во Србија.