За да ја принуди Русија да преговара според моделот на Киев, НАТО планира да испрати војници во Украина, изјави денеска заменик-министерот за одбрана на Руската Федерација Александар Фомин.
Говорејќи на тридневниот безбедносен форум Сијангшан што се одржа во Пекинг, тој рекол дека на Киев му се обезбедува сеопфатна воена помош и поддршка за напади на руска територија, со цел да се обезбедат услови за насилно принудување на Москва да преговара според украинските формули.
Фомин исто така навел дека од истата причина НАТО прави планови да испрати свои војници во Украина и дека тоа е „опасна игра што може да доведе до директен воен конфликт меѓу нуклеарните сили“, пренесува ТАСС.
Според Фомин, по упадот на украинските сили во областа Курск, специјалната воена операција, како што ја нарекува, добила нова димензија.
„По упадот на украинските сили во Курската област на почетокот на август со поддршка на западните земји, специјалната воена операција доби сосема нова димензија“, изјавил рускиот заменик министер за одбрана.