Зеленски: Русија само во септември лансира над 640 дрона врз Украина

од Илинка Илиоска
7 прегледи

Руската армија само во текот на оваа прва половина од септември употреби повеќе од 640 беспилотни летала „Шахед“ од иранско производство во нападите врз Украина, од кои украинската противвоздушна одбрана ноќеска собори 53, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

-Само во првата половина на септември, руските терористи употребија повеќе од 640 дронови „Шахед“ против украинските градови и села. За среќа, повеќето од нив беа соборени од нашите војници. Постојано работиме на тоа да ја направиме украинската воздушна одбрана поефикасна. Ги зајакнуваме нашите воздушни сили, мобилните противпожарни бригади, сите единици за противвоздушна одбрана, рече Зеленски, пренесен од Укринформ.

Тој истакна дека руската армија во текот на ноќта лансирала 56 беспилотни летала, од кои украинската воздушна одбрана не соборила само три.

Во текот на ноќта руската армија изврши серија напади врз Киев и Киевската област, што беше осми напад врз Киев во септември.

-Руски напаѓачки беспилотни летала се движеа кон Киев од различни правци и во неколку групи, изјави шефот на воената управа на Киев, Сергеј Попко, и додаде дека според прелиминарните информации, во нападот на Киев нема жртви или материјална штета.

Слични содржини