21
Талибанците ја стопираа кампањата за вакцинација против детска парализа (полимијелитис) во Авганистан, соопштија денеска Обединети нации.
ОН не наведува причина за суспензија на вакцинацијата, а ниту талибанците ја коментираа одлуката.
Талибанците ја прекинаа вакцинацијата непосредно пред септемвриската кампања за имунизација.
Авганистан и Пакистан се единствените две држави во кои никогаш не е запрено ширењето на потенцијално фаталната болест.
Додека во Пакистан за време на вакцинацијата стално има насилство. Милитантите ги напаѓаат тимовите за имунизација и полицијата, која ги чува, лажно тврдејќи оти вакцината е западна завера за стерилизација на децата.