Електронска цигара експлодирала во авион, патниците мислеле дека е бомба и почнале да врескаат

од Milan1
22 прегледи

Вистинска драма се одвивала вчера на летот од Крит, кога дошло до експлозија во авионот. Како што пренесуваат тамошните медиуми, електронска цигара експлодирала на летот од Ираклион до Лондон додека била во полнач. Во авионот настанала паника откако одекнала експлозија и кабината почнала да се полни со чад. Како што изјавија патниците за „Дејли Мејли“, се слушнала силна експлозија.

„Потоа видовме чад, нешто црвено светна, а потоа видовме пламен и многу чад“, велат патниците.

Еден од патниците рекол дека, непосредно пред експлозијата, слушнал друг патник како вика: „Што е тоа? Што е тоа?!“.

„Врискаа: „бомба, бомба, излези брзо“, раскажа една патничка детали од драмата и додаде дека жената која имала електронска цигара во чантата почнала да мавта кога чадот и излегол од чантата.

Друг патник тврди дека жената, за која се вели дека е Британка, се обидела да излезе од авионот, барајќи од другите патници да се потргнат. Меѓутоа, кога чантата се запалила, таа ја фрлила на патеката меѓу седиштата.

„Од торбата излегуваа оган и чад, потоа се слушнаа звуците на експлозијата и чадот почна да ја исполнува кабината“, сведочат вознемирените патници.

Компанијата „EasyJet“ потврди дека авионот на летот од Ираклион до Лондон бил евакуиран, бидејќи за време на качувањето избувнал пожар во торбата на еден од патниците.

„Пожарникарите влегоа во леталото, а персоналот ги евакуираше патниците според протоколот“, соопшти компанијата.

Слични содржини