Фед ја скрати каматната стапка за половина отсто

од Milan1
10 прегледи

Федералните резерви (Централната банка на САД) ја намалија каматната стапка за половина процентен поен, прво кратење во четири години што треба да донесе олеснување за домаќинствата и бизнисите кои изминативе години се борат со високи каматни стапки на кредитите што ги плаќаат.

Поагресивниот пристап сугерира дека официјалните лица проактивно се обидуваат да го олеснат притисокот врз економијата и да спречат дополнително забавување на пазарот на труд. Стапката на референтната камата сега е меѓу 4,75 и 5 отсто. Според Фед, инфлацијата се движи кон нормални нивоа и тоа се очекува да продолжи. Тие сепак се под притисок да осигураат дека високите стапки нема дополнително да го забават пазарот на труд.

-Дали има можност за економска рецесија – Не гледам ништо во моменталната економија што би сугерирало дека е зголемена веројатноста за рецесија, изјави синоќа на долгоочекуваната прес-конференција првиот човек на Фед Џером Пауел

Тој додаде дека економијата расте, инфлацијата опаѓа, а пазарот на труд е „сè уште на многу стабилно ниво“.

Лидерите на Комитетот за буџет и средства на Претставничкиот дом, контролиран од републиканците, имаат поинакво толкување за тоа како ќе влијае намалувањето на каматните стапки.

Средбата на Фед доаѓа на само неколку недели пред претседателските избори на 5 ноември.

Слични содржини