Северна Кореја тестира нови ракети користејќи „супер големи“ боеви глави

од Milan1
10 прегледи

Северна Кореја соопшти дека претседателот Ким Џонг-ун го надгледувал тестирањето на два типа ракети – едната способна да носи „супер голема конвенционална боева глава“, а другата веројатно наменета за нуклеарна боева глава. Ким повикал на засилување на конвенционалното оружје и нуклеарни способности.

– Тестовите за подобрување на способноста за оружје се неопходни поради сериозната закана што ја претставуваат надворешните сили за безбедноста на земјата, рече Ким Џонг-Ун  за севернокорејските медиуми.

Севернокорејскиот претседател ја нагласи „потребата да се продолжи со зајакнувањето на нуклеарните сили и да се поседуваат најсилни воено-технички способности и супериорни офанзивни способности во областа на конвенционалното оружје, пренесе КЦНА.

Слични содржини