(ВИДЕО) Германски компании тестираа дронови управувани од вештачка интелигенција, ќе и бидат испорачани на Украина

од Milan1
16 прегледи

Германските компании „Airbus Defense and Space“, „Quantum Systems“ и „Splinleb“ тестираа беспилотни летала под контрола на вештачка интелигенција што може да се користат во војната во Украина. Германски компании изградија и тестираа оружје што може да го промени текот на војната во Украина објави Киев пост,

„Квантум системи“ во вторникот објави дека тричлениот конзорциум постигнал „огромен напредок“ и успешно тестирал рој беспилотни летала контролирани со вештачка интелигенција составен од четири различни типови беспилотни летала. Тестовите се вршат од почетокот на август годинава во „Ербас дронови центарот“ во Менинг, Баварија.

„Киев пост“ наведува дека „Квантум системс“ веќе испорача 300 свои беспилотни летала на украинската армија, а оваа година треба да пристигнат уште 150 дронови.

Слични содржини