📸 Исчезнат белгиски планинар во реонот на Охрид, Струга и Дебар: Започната потрага со дронови

од Илинка Илиоска
72 прегледи

Од амбасадата на Кралството Белгија на 18 септември е пријавено дека исчезнал Ј.M.(72) од Белгија, информира СВР Охрид.

Според пријавеното, тој имал планирано рута за планинарење во реонот Охрид – Струга (Вевчани) – Дебар (Битуше) и на север кон Албанија, но се уште не се знае дали лицето се упатило на планинарење. Со помош на дрон, извршена е потрага и опсервација на теренот, но лицето не е пронајдено и не се пронајдени предмети и траги кои укажуваат на присуство на лицето на наведениот терен. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето – велат од СВР Охрид.

Повеќе планинарски здруженија исто така објавија апел за потрага по планинарот.

Слични содржини