Албанија формира „Суверена држава на Бекташи“ : Исламска верзија на Ватикан ќе биде во Тирана

од Илинка Илиоска
164 прегледи
 Албанскиот премиер Еди Рама на 21 септември потврди дека во Тирана ќе се формира „Суверена држава на редот на Бекташи“, со цел промовирање на толерантна верзија на исламот, по која Албанија е позната, пренесуваат Њујорк Тајмс и други медиуми.

Предвидено е новата држава да зафаќа 27 хектари, да има своја администрација, пасоши и граници. Лидерот на бекташиите, Хаџи Деде Едмонд Брахимај, изјави дека целта е да се поттикне меѓурелигиски дијалог и да се спречи екстремизмот.

„Оваа иницијатива не е за самоопределување; ниту бараме влијание или политичка моќ. Наместо тоа, бараме слобода да ја продолжиме нашата вековна традиција на духовна умереност и религиозна вклученост“, изјави Хаџи Деде Едмонд Брахимај за ABCNEWS.al

Државата ќе дозволува употреба на алкохол, жените ќе имаат целосна слобода во облекувањето, а правилата на живот нема да бидат наметнати, во духот на толерантните бекташиски практики. Според Рама, оваа иницијатива го промовира исламот на кој Албанија се гордее и ја зачувува религиозната толеранција на нацијата.

Редот на Бекташи потекнува од 13 век во Отоманската империја, а по прогонството од Турција во времето на Ататурк, неговото седиште беше преместено во Тирана.

 

Слични содржини