Актерите од серијата „Беверли Хилс 90210“ која во деведесеттите години на минатиот век беше исклучително популарна ширум светот, се чини дека се проколнати. Актерите кои се прославија во оваа серија умираат еден по друг или доживуваат тешки несреќи. Шенон Доерти, која се прослави со улогата на Бренда во оваа серија, почина во средината на јули на 54-годишна возраст по долга борба со ракот.
Пред пет години, Лук Пери (кој го играше бунтовникот Дилан) ненадејно почина како последица на мозочен удар. Сега Џени Гарт открива дека е тешко болна и трпи неподносливи болки.
Џени открива дека во последните четири години имала две операции кои до сега ги чувала во тајност. Таа првпат била подложена на операција за замена на левиот колк во 2020 година, а четири години подоцна ѝ бил заменет и десниот колк. Но, нејзините проблеми не завршуваат тука, всушност тие штотуку почнале.
– Ова не е нешто што ги погодува само 80-годишниците. Долго време живеев со болки во колковите, секогаш кога ги подигав нозете, се слушаше како крцкаат. Како кај некој што јавал или танцувал од детството, сфатив дека сето тоа е поради истрошеност – изјавила актерката за магазинот Self“.
Поради оваа болест која најчесто ги погодува постарите, таа се срамела, бидејќи многумина би ја сметале за стара.
– Болеста со текот на времето постепено се влошуваше. Во еден момент ми беше толку болно што не можев ниту да ги прошетам кучињата. Мислев дека е артритис, додала таа.
Џени била подложена на детални испитувања, по што добила изненадувачка дијагноза. Докторот ѝ рекол дека има остеоартритис на колената, палците и колковите, што за Џени било кошмар.
– Тогаш бев во средината на 40-тите години, и се чувствував старо и збунето. Сакав да останам активна, но набргу сфатив дека повеќе не можам да го придружувам семејството за време на вообичаените активности, била искрена Џени Гарт.
На едно семејно скијање, почувствувала толку страшна болка што морала постојано да лежи.
– Тогаш многу се вознемирив, бидејќи чувствував дека квалитетот на мојот живот се намалува. Не сакав да бидам некоја што не може да си ги извршува работите што сака да ги прави за своето семејство. Освен тоа, мојот сопруг Дејв Абрамс е девет години помлад, а јас се чувствував толку старо и болно, додала познатата актерка.
Здравствените проблеми низ кои поминала ја научиле многу повеќе да го цени своето тело и физичките способности.
-Јас сум нежна личност и сакам да се грижам залуѓето, така што сето ова ме натера да забавам и да почнам малку подобро да се грижам за себе, да им дозволувам на другите да ми помогнат. Посакував моите операции и закрепнувањето да изгледаат лесно, особено за мојот сопруг. Не сакав да му делувам старо и да гледа како се мачам, но не можев тоа да го сокријам од него бидејќи веќе се криев од целиот свет, изјавила Џени.