Во Баварија во Германија во декември ќе биде затворена пиварницата „Шлосле“, која работи 334 години, и е една од најстарите пивари во регионот. Сопственичката на пиварницата, која се наоѓа во градот Ној-Улм, Криста Золер, за германскиот весник „Билд“ изјавила дека повеќе не може да се натпреварува со индустриските гиганти.
„Потрошувачката на пиво се намалува, но се зголемуваат цените на суровините и енергијата. Десет години правиме загуби во бизнисот со пиво“, вели Золер.
Според неа, цените на пивото треба да бидат двојно поголеми за да има доволно пари за инвестирање во нова опрема. Покрај тоа, вели Золер, германската бирократија придонесува за проблемите на приватните пиварници.
Таа рече оди ќе го затвори само производството на пиво. Ресторанот продолжува да работи за гостите.