57
Раул Гонзалес Бланко, легендата на Реал Мадрид, пет години е на чело на резервниот тим на Реал Мадрид Кастиљa, а за тоа време добил и многу други понуди. Раул останува верен на својот клуб, но сега пристигна нова понуда. Според „Relevo“, германскиот Шалке го сака Раул на клупата.
Карел Геретс остана без работа, а Раул е високо на листата на кандидати.
Легендарниот фудбалер е запознаен со Гелзенкирхен, како играч мина две сезони во Шалке, а дали ќе биде во искушение да го напушти Мадрид ќе видиме.