Хезболах: Го нападнавме Мосад

од Milan1
37 прегледи

Хезболах ја презеде одговорноста за ракетниот напад во централниот дел на Израел утринава, тврдејќи дека балистичката ракета Кадер 1 го нападнала седиштето на Мосад во близина на Тел Авив.

Во соопштението се наведува дека „нападот е одговор на експлозиите на пејџери и воки-токи и убиството на врвните команданти“ на оваа терористичка група.

Во меѓувреме, ИД соопшти дека го погодила фрлачот на Хезболах во Либан кој утрово истрелал проектил.

Според ИД, фрлачот бил погоден во јужен Либан во Нафахија.

Слични содржини