Марселус Вилијамс беше погубен со смртоносна инекција во американската сојузна држава Мисури во вторникот вечерта по локално време, откако помина повеќе од две децении чекајќи го погубувањето. На Вилијамс два пати претходно му беа одложувани егзекуциите. Тој тврдеше дека не е виновиен за убиството на Фелисија Гејл во 1998 година во предградието Св. Луиза која била избодена до смрт.
Директорката за комуникации на Одделот за казнено-поправната установа во Мисури, Карен Појман, рече дека никој од семејството на Фелисија Гејл не присуствувал на егзекуцијата, објави Си-би-ес.
Синот на Вилијамс и двајца негови адвокати присуствуваа на егзекуцијата.
Имаше многу луѓе кои се спротивставија на неговата смртна казна.
Адвокатот што го застапува Вилијамс тврди дека има расна дискриминација при изборот на поротници и дека доказите за ДНК во случајот биле погрешно обработени.