Освои речиси се во фудбалот, сега одеднаш ја заврши кариерата: Тивкиот херој на бруталната доминација на Реал Мадрид

од Milan1
44 прегледи

Рафаел Варан, познатиот француски стопер, на социјалните мрежи ненадејно објави дека на 31-годишна возраст ја завршил професионалната фудбалска кариера. Иако се очекуваше Варан да игра уште неколку сезони, откако летово потпиша договор со Кома, тој мораше да прекине се поради нова повреда.

Варан одигра само еден натпревар за италијанскиот клуб пред да заработи уште една повреда на коленото. Французинот освои речиси се што може да се освои во фудбалот и единствениот трофеј што му недостига во колекцијата е пехарот на ЕП.

Со Реал долги години доминираше во Европа и Лигата на шампионите, беше тивкиот херој на Мадрид, додека во 2018 година беше светски првак со Франција.

„Потребна е огромна количина на храброст да се слуша срцето и инстинктот. Желбите и потребите се различни работи. Паднав и станав илјада пати, но овој пат е време да престанам… Сакав да се борам за себе, моите клубови, мојата земја, моите соиграчи и навивачите на секој клуб за кој играв… Играјќи на највисокото ниво е возбудливо искуство. Го тестира секое ниво на вашето тело и вашиот ум. Емоциите што ги доживувате е невозможно да се најдат на друго место. Како спортисти никогаш не прифаќаме неуспех. Тоа е нашата природа и она што не води. Не се каам и не би менувал ништо. Освоив повеќе отколку што можев да сонувам, но покрај признанијата и трофеите, горд сум што, без разлика на се, секогаш се држев до моите принципи и бев искрен“, изјави Варан.

Варан кариерата ја започна во францускиот клуб Ленс, кој го напушти летото 2011 година кога замина во Реал Мадрид. Тој се испроба и во Премиер лигата, откако во 2021 година го облече дресот на Манчестер Јунајтед, кој го напушти ова лето.