Децата на Паф Диди се појавија за прв пат откако тој неодамна беше уапсен поради олеснување на проституцијата. Тие со заедничко соопштение и се обратија на јавноста и споменаа бројни мистериозни приказни за смртта на нивната мајка.
Неговите наследници се видно вознемирени од сето она што се случува, а дефинитивно најмногу ги погодуваат невистините кои кружат за нивното семејство.
„Слушнавме толку многу приказни кои кружат за нашите родители, како и за трагичното заминување на нашата мајка. Имаме потреба да прозбориме за ова. Тврдењата дека нашата мајка ја напишала книгата едноставно не се точни. Секој што тврди дека го има ракописот е лажго. Ве молиме разберете дека сите таканаречени „пријатели“ кои зборуваат за нашата мајка или нејзиното семејство не се наши пријатели. Ниту, пак, ги има нашите најдобри интереси во срцето“, ја започнаа објавата.
„Нашите животи се распаднаа по смртта на нашата мајка, таа беше нашиот свет. Ништо не е исто откако таа замина. Тагувањето е доживотен процес и бараме од сите да ја почитуваат нашата желба за мир за да можеме да се помириме со оваа загуба. Длабоко сме тажни што светот направи спектакл од она што е најтрагично во нашите животи. Нашата мајка беше сакана жена и нејзиното сеќавање не смее да биде оцрнето со ужасни теории на заговор“, се вели во објавата.
„Бараме да ја почитувате нашата мајка и да го цените она што го остави зад себе за да почива во мир. Тоа е она што таа го заслужува. Те сакам и ни недостигаш мамо“, заклучија тие.
Да потсетиме, Паф Диди е уапсен поради основани сомнежи дека учествувал во проституција и рекетирање, што тој се уште одлучно негира. Како што стои во обвинението, раперот организирал забави во својот дом на кои терал девојки на односи со мажи, а се шпекулира дека присуствувале и бројни јавни личности.