📸 Маск: Немам никаква романтична врска со премиерката Мелони

од Илинка Илиоска
32 прегледи

Илон Маскги демантираше шпекулациите за романтична врска со италијанската премиерка Џорџија Мелони, откако ја пофали на доделувањето на награди во Њујорк. Маск, кој присуствуваше на церемонијата со својата мајка, напиша на платформата Икс: „Нема никаква романтична врска со премиерката Мелони“, придружувајќи ја објавата со фотографија на која двајцата разговараат на гала вечера.

За време на настанот, Маск ѝ ја додели наградата Глобален граѓанин на Мелони и ја опиша како „некој што е уште поубав внатре отколку надвор“ и како „искрена, автентична и промислена“. Мелони возврати со пофалби за „скапоцениот гениј“ на Маск, а Маск и неговата мајка ѝ аплаудираа по нејзиниот говор за западните вредности.

Двајцата се сретнале неколку пати досега, споделувајќи заедничка загриженост за падот на наталитетот на Западот и интерес за вештачката интелигенција. Мелони појасни дека изборот на Маск да ѝ ја додели наградата бил направен пред неколку месеци и не бил поврзан со американската изборна кампања и неговата поддршка за Доналд Трамп.

Слични содржини