Дипломати од Брисел: На 15 октомври Албанија ќе започне преговори за членство во ЕУ

од Илинка Илиоска
102 прегледи

Постојаните претставници на ЕУ на денешната средба во Брисел едногласно донесоа одлука за почеток на преговори со Албанија за членство во ЕУ, пренесе БНР.

Почетокот ќе биде даден на 15 октомври во рамките на меѓувладината конференција ЕУ-Албанија во Луксембург. Потоа ќе се отвори „Кластер 1 „Основни прашања“.

Во пракса тоа значи одвојување на Албанија и Северна Македонија, велат дипломатски извори во Брисел.