Не ги инсталирајте овие апликации, тие внесуваат опасен вирус

од Milan1
157 прегледи

Откако Necro ќе се вкорени во мобилниот телефон, тој самиот почнува да презема дополнителни програми и разни додатоци. Потоа испраќа разни измами на претплатници и користи уреди за испраќање злонамерна содржина
Корисниците на Андроид повторно се во неволја откако опасниот тројанец Некро се прошири низ Google Play Store. Според првичните проценки, тој заразил најмалку 11 милиони уреди ширум светот.

Компанијата Касперски, која се занимава со сајбер заштита, потврди дека се вратил вирусот кој предизвика проблеми во 2019 година. Корисниците се заразиле откако ги преземале изменетите верзии на популарните апликации и игри. Истражувачите открија дека малициозниот софтвер моментално ги таргетира корисниците во Русија, Бразил, Виетнам, Еквадор и Мексико.

Некро може да се најде во апликации како „Wuta Camera“ која ви овозможува да уредувате фотографии, да додавате филтри и слично. Се вкорени и во специјална апликација „Spotify Plus“ што корисниците ја преземаат од непроверен автор, пренесува „Securelist“.

Злонамерниот тројанец се сместил и во веб-прелистувачот „Web Browser“. Што се однесува до игрите, „Necro“ беше и во изменета апликација „WhatsApp“, „Minecraft“, „Stumble Guys“ и „Melon Sandbox“.

Слични содржини