Полска им објави војна на дабарите

од Milan1
24 прегледи

Полскиот премиер Доналд Туск повика на решителна акција против дабарите, сугерирајќи дека глодарите се делумно одговорни за големите поплави низ земјата.

„Понекогаш мораме да бираме меѓу нашата љубов кон животните и безбедноста на градовите, селата и интегритетот на браните“, кажа Туск, повикувајќи се на катастрофалните поплави од 2010 и наводната улога на дабарите во нив. Тогаш полската влада ги „обвини“ овие животни дека им нанесуваат голема штета на насипите.

„Во рамки на (постоечките) правила, направете сè што морате, јас ќе ги бранам овие одлуки. Браните денес се апсолутен приоритет“, кажа Туск, повикувајќи ги службениците да преземат мерки против дабарите.

Полскиот премиер вети дека ќе ги достави потребните закони „во рок од една недела“ ако постоечката правна рамка се покаже како недоволна за превенција на поплави.

„Знам дека тоа нема многу да помогне во оваа поплава, но секако ќе помогне во санација на браните и контрола на ситуацијата во иднина“, кажа Туск.

Полска, како и други земји од централна Европа, е погодена од поплава поради обилните врнежи предизвикани од бурата Борис.

Дабарите се дежурни виновници за поплавите низ светот затоа што копаат тунели низ насипите и ги затвораат вештачките канали. Еколозите, пак, тврдат дека овие животни се клучен дел од екосистемот и дека всушност спречуваат поплави и суша.

Слични содржини