Град Скопје: Советниците од ВМРО-ДПМНЕ само поради инает дбија набавка на нови автобуси и зголемување на бројот на пожарникари

од Илинка Илиоска
46 прегледи

Град Скопје денеска излезе со соопштение во кое ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека со своите постапки повторно покажуваат дека не работат во интерес на граѓаните. Според Градот, советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје одбиле да ги поддржат две значајни одлуки – набавка на нови автобуси и зголемување на бројот на пожарникари во градот.

„Денес, советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје само поради инает одбија да гласат за набавка на нови автобуси, но и за зголемување на бројот на пожарникари неопходни за безбедноста и заштитата на скопјани,“ се наведува во соопштението.

Градот Скопје истакнува дека ваквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ континуирано нанесува штета на граѓаните и го доведува во прашање нивното предизборно ветување дека ќе работат во нивен интерес.

„Граѓаните на градот Скопје треба да знаат дека ВМРО-ДПМНЕ лаже кога дава предизборни ветувања и континуирано нанесува штета на граѓаните, за лична и партиска корист,“ порачаа од Град Скопје.

Слични содржини