Љутков: Изградбата на Универзална е стопирана оти не се знае во чие владение е салата

од Milan1
24 прегледи

Министерството за култура во минатата влада незаконски ја презело Универзална сала од Град Скопје затоа што по закон тоа не може да гради објект што е локална установа, рече на денешната прес-конференција, министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Тој најави дека против сите инволвирани ќе бидат поднесени кривични пријави „за сите криминали“ што се направени.

Тоа ќе се случи откако работните групи што се формирани ќе ги завршат своите анализи и ќе дадат извештај за целата постапка.

Љутков кажа дека изградбата засега е стопирана оти не се знае во чие владение е салата, но дека Скопје ќе има Универзална сала за 2028 кога ќе биде Европски град на културата.

„Ние ќе го запреме ваквото дивеење и незаконско работење, ќе ја вратиме постапката и најтранспарентен и на најлегален начин Скопје ќе биде Европската престолнина на културата со нова Универзална сала и ќе се гордее со неа затоа што ќе биде изработена законски“ изјави Љутков.

Слични содржини