По скоро година ипол, АД ЕСМ и „ЕСМ дистрибуција на топлина“ конечно започнаа со монтирање на новите цевки на топловодот под мостот „Беласица“

од Илинка Илиоска
22 прегледи

По значителен застој, АД ЕСМ и „ЕСМ дистрибуција на топлина“ денес официјално ги започнаа активностите за монтирање на новите цевки на топловодот под мостот „Беласица“. Оваа работа следи по пожарот кој на 11. мај 2023 година зафати просторија за компензација на топловодот под мостот, предизвикувајќи значителни оштетувања на термичката изолација и топловодните цевководи.

Петар Милетиќ, новиот директор на „ЕСМ дистрибуција на топлинска енергија“, истакна дека новите раководства на двете компании се соочија со предизвикот да преземат ургентни мерки за надминување на пречките што предизвикале застој во поставувањето на цевководот, резултат на „исклучителната неспособност или незаинтересираност“ на претходните менаџерски тимови.

Поставувањето на топловодот ќе трае неколку месеци, со цел да биде подготвен за ставање во функција за претстојната грејна сезона. До целосната реализација на зафатот, испораката на топлинска енергија кон централниот дел на градот ќе продолжи да се реализира преку функционалниот крак на примарниот топловод А, вклучувајќи ги и количините што ги испорачува ТЕ-ТО. Со ова, потребите на потрошувачите на топлинска енергија ќе бидат целосно задоволени, дури и во услови на ниски надворешни температури.

Мостот долго време беше затворен за сообраќај, што предизвика огромни сообраќајни гужви во центарот на Скопје. АД ЕСМ тогаш ги извади изгорените цевки од топловодот,

„Беласица“ речиси една година по пожарот, на 3-ти мај конечно беше целосно отворен за сообраќај. Беа извршени неколку безбедносни тестови, по што следуваше одлука за целосно отворање.

 

Слични содржини