Си-Ен-Ен: Меѓу целите на иранскиот напад беше и седиштето на Мосад во Тел Авив

од Илинка Илиоска
21 прегледи

Меѓу целите на вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел беа аеродроми и писти, како и канцелариите на израелската меѓународна разузнавачка служба Мосад, јави Си-Ен-Ен.

– Цел (на иранскиот напад) беше и штабот на Мосад, кој се наоѓа во северниот дел на Тел Авив, во густо населена област и постои загриженост, и покрај тоа што Иран го смета за воена цел, тоа е густо населена област каде што живеат многу цивили, рече новинарот на Си-Ен-Ен од Тел Авив, Џим Шиуто.

Иранската револуционерна гарда претходно синоќа соопшти дека лансирала повеќе од 100 ракети врз Израел како одговор на неодамнешното убиство на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Хание, лидерот на Хезболах Хасан Насралах и заменик-оперативниот командант на ИРГЦ Абас Нилфорушан.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по нападот изјави дека Иран направил „голема грешка“ и оти „ќе плати за тоа“.

Слични содржини