Најмалку шестмина загинати во израелски напад на зграда во центарот на Бејрут

од Илинка Илиоска
19 прегледи

Израел го бомбардираше централниот Бејрут, убивајќи најмалку шестмина луѓе, што уследи по најсмртоносниот ден за израелските вооружени сили во едногодишните борби со Хезболах.

Израел соопшти дека извел прецизен воздушен напад врз Бејрут и извор од безбедносните служби кажа дека мета била зграда во центарот на градот близу парламентот. Либанските власти кажаа дека загинале шестмина луѓе, а уште седуммина се ранети.

Три проектили го погодија и јужното предградие Ханиех, каде што минатата недела беше убиени лидерот на Хезболах, Хасан Насралах.

Израел ги предупреди жителите на селата во јужен Либан дека воздушните напади ќе продолжат и да не се враќаат во своите домови до следното известување.

Регуларните пешадиски и оклопни единици вчера се придружија на израелската копнена операција во Либан, која почна оваа недела, што резултираше и со првите поголеми жртви за израелската војска, која објави дека осуммина војници загинале во борбите со Хезболах.

„Ова е кулминација на тешката војна против иранската оска на злото, која сака да го уништи Израел. Тоа нема да се случи зашто ние сме обединети и со божја помош ќе победиме“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Од почетокот на израелските напади врз Либан загинале над 1.900 луѓе, а 1,2 милиони се раселени.

Слични содржини