„ЕУ МОЖЕ ДА УМРЕ“: Макрон има темни претчувства, ги спомна и Кина и САД

од Nikola Popovski
36 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Европската унија заостанува зад САД и Кина поради прекумерната регулатива и недоволните инвестиции.

Вашингтон и Пекинг ја надминаа ЕУ во економското производство и инвестиции, смета Макрон.

– Европската унија би можела да умре, на прагот сме на многу важен момент. Во следните две до три години, ако ја следам нашата класична агенда и ако регулирам премногу и инвестирам премалку, ќе бидеме надвор од пазарот. Не сме опремени да се соочиме со ризиците – изјави Макрон во Берлин на Глобалниот дијалог, пишува „Блумберг“ и пренесува „Телеграф“.

Предупредувањата на Макрон доаѓаат откако неодамнешниот екс-премиер на Италија и поранешен директор на Европската централна банка, Марио Драги, презентираше загрижувачки податоци.

„Економскиот раст во Европа забавува од почетокот на векот, производството опаѓа, а според различни показатели, јазот во БДП и личниот доход меѓу САД и ЕУ расте… ЕУ има корист од поволно глобално опкружување… Безбедносниот штит на САД ги ослободи одбранбените буџети за трошење на други приоритети, во свет на стабилна геополитика, немавме причина да се грижиме за зголемената зависност од земјите за кои очекувавме да останат наши партнери“, се наведува во извештајот кој за ЕК го подготви Драги.

Во извештајот се констатира дека пресвртите во последните години, конкуренцијата со Кина и промената на американските интереси доведоа до проблеми во европската економија.

„Европа одеднаш го загуби својот најважен снабдувач со енергија – Русија… Во голема мера ја пропушти дигиталната револуција и зголемувањето на продуктивноста што таа го донесе“, истакнал меѓу другото авторот на извештајот.

Слични содржини