84
Сведоци сме дека ширум светот секојдневно се создаваат нови трендови кои луѓето внимателно ги следат, но она што ќе го видите предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.
Една жена од Гана, Аманда, која наводно продавала телефони за да преживее, била погребана во ковчег во облик на „iPhone“, како што е откриено во неколку објави на социјалните мрежи.
@akosuaspecial5
Видеата, споделени на TikTok, ја покажуваат Аманда шоставена во уредно дизајниран ковчег што наликува на iPhone.
Откако видеото се појави на оваа социјална мрежа, привлече внимание, а многу корисници ги споделуваат своите размислувања во коментарите. Некои сметаат дека ова е единствен начин да се претстави нејзината професија, додека други се шегуваат на целата ситуација.