Honda ќе подарува скутер на расклопување со своите електрични автомобили

од Vladimir Zorba
31 прегледи

Производителите на автомобили бараат нови решенија за да ги направат своите електрични автомобили поатрактивни и пофункционални. Сепак, Honda ќе оди чекор понатаму со реинвенцијата на својот култен скутер на преклопување познат како Motocompo, кој ќе им го подарува на клиентите заедно со електричен автомобил.

Honda ги изненади сите со слики од една од своите најнови патентни апликации, со кои се обидува да ја оживее оригиналната идеја од осумдесеттите со својот скутер Motocompo.

Тоа беше скутер на преклопување кој беше дизајниран да се вклопи во минијатурниот багажник на популарниот модел kei од осумдесеттите – Honda City. Идејата на јапонскиот бренд беше возачите да патуваат со автомобил до влезот на градот, а оттаму послободно да се движат на двете тркала на Motocompо. Сепак, оваа идеја не „полета“ поради неколку фактори, како што се неговата тежина, цена и тешкотија при склопување и расклопување. Дали е добра идеја во денешно време, кога возилата за лична мобилност на „последниот километар“ се сè поприсутни?

Според Klix, најновите патенти на Honda имаат за цел да ја донесат во денешно време идејата што го роди Motocompo пред 40 години. Ова би вклучувало создавање на мал скутер на преклопување чиј мотор со внатрешно согорување ќе служи како продолжување на опсегот за електричните автомобили на Honda.

На овој начин, компактниот скутер би имал две намени, односно две задачи: сервисирање на електричниот автомобил, така што неговиот мал бензински мотор и малиот резервоар би служеле за полнење на батеријата, но и за возачот да може по потреба, да се движи на кратки растојанија во градската гужва.

Пред една година Honda ја претстави новата генерација на скутер на преклопување со електричен погон наречен Motocompacto, кој треба да се комерцијализира следниот месец по цена од околу 1.000 американски долари.

Слични содржини