Пентагон: САД не сакаат војна со Иран

од Nikola Popovski
13 прегледи

Портпаролката на американското Министерство за одбрана Сабрина Синг денеска изјави дека не може да зборува за можна израелска агресија врз Иран, но е сигурна дека Вашингтон не сака војна со Исламската Република.

„Американските и израелските официјални лица се во постојан контакт меѓу себе и продолжуваат да се консултираат со Израелците за да дознаат каков ќе биде нивниот одговор“, рекла таа, додавајќи дека не сака да зборува врз основа на шпекулации. Синг ја повтори американската поддршка за „правото на Израел да се брани од закани“, се вели во соопштението на Пентагон.

Исто така, била објавено дека е откажана посетата на израелскиот министер за одбрана Јоав Галант на Вашингтон, без да се прецизира причината за таа одлука од Тел Авив.

„Штотуку бевме информирани дека секретарот Галант ќе го одложи своето патување во Вашингтон“, рекла портпаролката на Пентагон.

Како што беше претходно најавено, Галант денеска во Вашингтон се очекуваше да се сретне со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и со американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

Слични содржини