🎥ЗАСТРАШУВАЧКО ВИДЕО од „ОКОТО“ на УРАГАНОТ МИЛТОН: Авион во срцето на невремето, ветрови и до 270 километри на час

од Nikola Popovski
2,K прегледи

На социјалните мрежи беше споделено видео од „срцето“ на ураганот Милтон, намалена четврта категорија, за кој беше најавено дека се движи кон Флорида, поради што е наредена итна евакуација на тамошното население.

Ова не е единствената снимка од овој застрашувачки агол, бидејќи ловците на урагани вчера влегоа во центарот, борејќи се со ветрови со брзина од 170 милји на час, за да соберат податоци за Националниот центар за урагани.

Исто така, синоптичарите предупредија дека Милтон може да предизвика неколку торнада.

„Гласот на Америка“ известува дека метеоролозите предвидуваат дека денес ураганот ќе стигне до копното, загрозувајќи ја густо населената област на Западна Флорида, која сè уште се опоравува од ефектите на ураганот Хелен.

28 окрузи во Флорида, повеќе од 11,4 милиони луѓе, се под предупредување, а наредена е задолжителна евакуација за 5,5 милиони во Западна Флорида.

Како што е најавено, може да удри во близина на градот Тампа, чија метро област има повеќе од три милиони жители. Метеоролозите предупредуваат на обилни дождови, силен ветер и невреме, а можни се и нагли поплави.

– Мора да се евакуирате, тоа е прашање на живот и смрт, велат надлежните.

Началникот на тамошната полиција Вилијам Токаер им соопштил на жителите да го напишат своето име или матичен број со маркер на ногата за полесно да ги идентификуваат во случај на смрт.

Слични содржини