Во 1989 година, светската јавност до срж беше шокирана од бруталното убиство на Хозе и Кити Менендез во семејната куќа во Беверли Хилс, кои беа застрелани до смрт од нивните синови Лајл и Ерик Менендез.
„Браќата чудовишта“, како што ги нарекуваа, седум години подоцна беа осудени на убиство од прв степен и на доживотен затвор затоа што судијата и поротниците не веруваа во нивната приказна за сексуална злоупотреба од раното детство, туку сметаа дека мотивот за злосторството бил да ја преземе контролата врз семејното богатство кое достигнало дури 14 милиони долари.
Поминаа цели 35 години, за случајот нашироко се пишуваше, но интересот за работата и животот на двајцата браќа повторно се разбуди во текот на минатата година, кога Нетфликс ја сними серијата „Чудовишта: Приказната за браќата Лајл и Ерик Менендез“. .
Општествено-политичките околности се променети во однос на периодот пред три децении, се појавија нови докази кои укажуваат дека делото е извршено во некаква самоодбрана, како што тврдеа од почетокот Лајл и Ерик, со оглед на тоа што тие, како што наведоа, таткото им се заканил дека ќе ги убие доколку некому му откријат што се случува во нивната куќа. Освен тоа, беа објавени многу видеа од судењето, од кои јавноста дозна за одвратните детали за врската на браќата со нивниот татко.
Заедничкото туширање на таткото и синовите, тогаш на возраст од 8 и 6 години, допирање на нивните гениталии, силување на различни грозоморни начини и влегување во хомосексуални инцестуозни врски на рана возраст, како и психичко малтретирање, се дел од страшните детали кои браќата Менендез во солзи открија во текот на судската постапка во два наврати во 1994 и 1996 година.
Поширокотo семејство и јавноста бараат ослободување на браќата
Во меѓувреме се огласи нивното пошироко и потесно семејство кое побара случајот повторно да се разгледа и браќата да бидат ослободени по долги 35 години. Истото го посакува и голем процент од светската јавност која ги поддржува преку социјалните мрежи.
Кога станува збор за нивниот емотивен живот, Лајл се омажи за Ана Ериксон во затвор во 1996 година, а потоа се разведе во 2001 година. Две години подоцна, тој се ожени со Ребека Снед.
Ерик, пак, од 1999 година е во брак со Тами Рут Сакомон, со која доби и ќерка, со што му ја оствари желбата, бидејќи се плашеше дека никогаш нема да стане татко.