ЕЕА: Само околу една третина од водните површини во Европа се со добар квалитет

од Milan1
13 прегледи

И покрај целта поставена од ЕУ во 2015 година, сите водни површини да бидат оценети како вода со добар квалитет, само околу една третина од површинските води во Европа се во добра состојба, се вели во извештајот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА).

Според податоците од 19 земји-членки собрани од ЕЕА во 2021 година, околу 37 отсто од површинските води во Европа имаат барем добар еколошки статус, додека 29 отсто имаат добар хемиски статус, пренесува лондонски „Гардијан“.

Првичниот рок за постигнување на целта на ЕУ е продолжен до 2027 година, но податоците покажуваат дека и овој рок ќе биде пропуштен.

Слични содржини