Три лица, меѓу кои и едно дете, се повредени во експлозија на автомобил во југозападниот дел на Москва. Жртвите се префрлени во градските здравствени установи, се наведува во соопштението на Истражниот комитет, пренесува агенцијата Интерфакс.
Инспектори и криминолозите на Истражниот комитет, заедно со оперативните служби, вршат увид на местото на инцидентот и во наредниот период ќе се знае повеќе за видот на експлозивот и за здравствената состојба на повредените.
Претходно локалните медиуми објавија дека рачно изработена направа поставена меѓу хаубата и шофершајбната на возило експлодирала на улицата „Профсојузнајска“, при што биле повредени три лица, меѓу кои и едно дете.
Полицијата за агенцијата Интерфакс потврдила дека една од жртвите е Виктор Мишачев, бизнисмен кој е шеф или косопственик на десетици кафулиња и ресторани во Москва, Санкт Петербург, Татарстан, Свердловск и Новосибирск, пренесува Танјуг.
Moscow, Russia ❗
Businessman Viktor Mishachev, who previously owned shares in the bars “Coyote Ugly” and Dirty Dance Bar, was blown up 💥 in Moscow!!!
An IED exploded on an SUV on Profsoyuznaya Street in Moscow!
The bomb, disguised as trash, was on the hood of the car, the… pic.twitter.com/6SoRW1Tgul— LX (@LXSummer1) October 15, 2024