(ВИДЕО) Преживеал два месеци среде море, ослабел 50 килограми

од Milan1
44 прегледи

Екипажот на неименуваниот брод го спаси М.П.(46), кој два месеци пловел во Охотското Море, откако му се расипал моторот на катамаранот. Несреќниот маж бил во помошен гумен чамец, во кој имало и две безживотни тела, јавува „Би-би-си“.

„Ги забележавме на радарот, но мислевме дека се работи за пловка или некакво ѓубре“, објаснува екипажот на бродот.

Официјални лица соопштуваат дека човекот, придружуван од неговиот брат и неговиот 15-годишен син, тргнал од областа Хабаровск на далечниот исток на Русија кон островот Сахалин.

Тие се качиле на катамаранот на 9 август, но никогаш не стигнале до целта.

Спасувачките тимови организирале потрага, во која биле вклучени четири авиони, а биле испитани 55.000 квадратни километри од Охотското Море и две илјади километри крајбрежје.

На 14 октомври бил пронајден катамаранот, а ден подоцна и преживеаниот М.П.

„Мажот бил во шок и веднаш му била укажана лекарска помош“, соопштија надлежните.

Локалните медиуми јавуваат дека тој изгубил 50 килограми во изминатите два месеци, како и дека ги сочувал телата на починатите роднини.

Се тврди дека е вработен на Сахалин и дека во слободно време се занимава со риболов.

Слични содржини