НАСА: Октомвриската супермесечина е најблиску до Земјата оваа година и утре ќе го достигне својот зенит

од Milan1
39 прегледи

Октомвриската супермесечина е најблиску до Земјата оваа година и утре ќе го достигне својот зенит… Но, таа ќе се појави истовремено со комета, што ќе биде ретка можност за љубителите на набљудувачите на ѕвездите и Вселената, објави НАСА.

Инаку, третата од четирите супермесечини оваа година, вечерва ќе биде 357.364 километри блиску до Земјата, што ќе ја направи уште поголема и посветла од августовската и септемвриската супермесечина. Последната, четврта супермесечина за годинава ќе се појави на 15 ноември.

Кометата Цучиншан-Атлас која беше откриена лани, денеска ќе биде видлива и на северната хемисфера откако ќе ја проследат и набљудувачите на јужната хемисфера на Земјата.

– Светлината од супермесечината ќе го попречи погледот на дел од опашката на кометата, но глетката, сепак, вреди да се гледа по зајдисонце. Повеќето астрономи, меѓутоа, ја мразат полната Месечина бидејќи нејзината силна светлина го отежнува гледањето на другите вселенски тела, изјави Бил Кук од НАСА.

Слични содржини