Ова е планот на Зеленски за победа

од Milan1
27 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Парламентот на таа земја го претстави мировниот план за победа во пет точки и три анекси кои ќе помогнат, како што рече, да се добие војната со Русија, која започна во февруари 2022 година. За време на својот говор, Зеленски рече дека првите четири точки се однесуваат на времето на војната, додека последната се однесува на времето по завршувањето на војната, „за да се спречи втора инвазија“, објави Униан.

Првата точка, наречена „Геополитика“, предлага да се испрати покана за НАТО до Украина. „Поканата на Украина за НАТО може да претставува вистински фундаментален мир, бидејќи членството во НАТО е прашање на иднината, а не на сегашноста и (рускиот претседател Владимир) Путин мора да види дека неговите геополитички калкулации се во загуба“, рече Зеленски.

Следната точка се однесува на „Одбраната“ и содржи прецизен список на воено оружје што е неопходно за поддршка на украинските сили. Зеленски изјави дека резултатите од операцијата Курск покажале дека Русија нема доволно сила да се спротивстави на нападите на Вооружените сили на Украина. Според претседателот, третата точка е „стратешко одвраќање“ и има таен анекс, кој им бил предаден на САД и лидерите на некои европски земји.

Украина предлага да распореди на нејзина почва сеопфатен стратешки пакет за одвраќање кој ќе биде доволен за да ја заштити Украина од каква било воена закана од Русија.

„Кога Русија знае дека ќе има одговор, таа избира преговори и стабилен соживот дури и со стратешките противници“, рече претседателот. Тајниот анекс содржи и четврта ставка наречена „Економија“ која ќе биде достапна само за одредени партнери. Украина има концентрирани природни ресурси, вклучително и „критични метали“ во вредност од трилиони долари, особено ураниум, титаниум, литиум, графит и други стратешки вредни ресурси кои ќе ги зајакнат или Русија и нејзините сојузници или Украина и демократскиот свет, посочи Зеленски.

Последната точка „Безбедност“, се однесува на повоената ера и предлага одредени контингенти на вооружените сили на Соединетите Американски Држави, кои се стационирани во Европа, да бидат заменети со војници на вооружените сили на Украина, со цел да ја зајакне одбраната на целото НАТО.

Досега Украина го претстави својот победнички план пред лидерите на САД, Велика Британија, Германија, Италија и Франција. Во очекување на повратни информации од своите партнери, Зеленски ја истакна важноста на овој план за иднината на Украина. Униан претходно објави дека Зеленски ќе го претстави победничкиот план на самитот на Европската унија, кој ќе се одржи од 17 до 18 октомври.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел истакна дека Украина треба да продолжи да се зајакнува политички и воено за да го принуди Путин да седне на преговарачка маса под прифатливи услови. Покрај тоа, Украина чека конкретен „фидбек“ од партнерите за својот победнички план, пренесува Танјуг.

Слични содржини