Севернокорејските војници бегаат од бојното поле во Курск, Русите ги бараат

од Milan1
134 прегледи

Севернокрејските војници кои ѝ дојдоа на помош на руската армија на теренот во Курск веќе почнаа да бегаат, додека руската армија трага по нив, пренесува „Newsweek“.

Војниците биле распоредени во руските региони Курск и Брјанск, на околу шест километри од границата со Украина, кога дезертирале, објавија украински извори.

Руската војска наводно трага по севернокорејски војници, додека командантите се обидуваат да го прикријат дезертерството од претпоставените.

Ова се случува по најавите дека Москва планира да формира баталјон од војници испратени од севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за да помогне во протерувањето на украинските сили од Курск.

Украинските медиуми објавија дека севернокорејски војници ќе бидат вклучени и во борбените мисии во југозападните региони на Украина.

Според извори на кои се повикува „ЛИГА“, тие војници требало да формираат „специјален баталјон Бурјат“, именуван по монголската етничка група Бурјат, која е домородна во регионот на Сибир, северна Монголија и Кина.

Пјонгјанг и Москва веќе некое време ги зајакнуваа своите односи, а на почетокот на оваа година и двете земји ветија дека ќе си помагаат во случај на напад.

Слични содржини