44
Официјална Москва го отфрли „Планот за победа“ што украинскиот претседател Володимир Зеленски го претстави пред украинскиот парламент и ја повика Украина „да се разбуди“.
Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, изјави дека планот најверојатно „имплицира војна со Русија до крај“.
„Единствениот мировен план што може да постои е киевскиот режим да сфати дека неговата политика е без перспектива и дека е неопходно да се разбуди, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред новинарите.